24фудбал

Семејството Глејзер го послуша Роналдо, но не им се даваат пари па ќе го продаваат Манчестер јунајтед

Неколку извори од Англија пренесуваат дека семејството Глејзер побарало совет од банките за продажба на клубот, Американците се свесни дека се потребни инвестиции, но не им се дава пари па затоа повлекуваат ваков чекор.

Англија

Во интервјуто на Кристијано Роналдо, по кое беше раскинат договорот на Португалецот, напаѓачот имаше сериозни замерки за Манчестер јунајтед, односно како ништо не се променило во последните 13 години и „ѓаволите“ немале никаков прогрес.

Тој посочи дека Реал Мадрид и Јувентус ги следат последните технологии, и секогаш се обидуваат да имаат прогрес во условите за тренинг, исхрана и како да се рекуперира по натпреварите, а тоа не било случај со Манчестер јунајтед.

Сопствениците на клубот, семејството Глејзер се свесни дека треба да се инвестира во инфраструктурата, Олд Трафорд и засилување на составот, но очигледно не им се дава пари, па побарале совет од банките за продажба на клубот.

Неколку извори од Англија пренесуваат дека се разгледува опцијата за продажба на дел од акциите или пак целосна продажба на клубот, а како опција е и стратегиско партнерство со трета страна.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.