24фудбал

Манчестер јунајтед нема да му исплати нути една фунта на Роналдо, „ѓаволите“ ќе заштедат 16 милиони

Манчестер јунајтед ја прекина соработката со Кристијано Роналдо, а како што пренесуваат медиумите, „ѓаволите“ нема да му исплатат ниту една фунта на Португалецот и ќе заштедат 16 милиони.

Англија

По интервјуто со Пирс Морган, во кое изнесе сериозни критики на адреса на Ерик тен Хаг, семејството Глејзер и Манчестер јунајтед, стана јасно дека за Кристијано Роналдо нема иднина на Олд Трафорд.

Вечерва пристигна информацијата која сите ја очекуваа, „ѓаволите“ соопштија дека на взаемна согласност е раскинат договорот и Кристијано Роналдо повеќе не е играч на Манчестер јунајтед.

Како што пренесуваат медиумите, Манчестер јунајтед нема да му плати ниту една фунта на Кристијано Роналдо за предвремениот прекин на соработката. Португалецот има неделна плата од околу 500.000 фунти, па „ѓаволите“ ќе заштедат околу 16 милиони фунти до крајот на сезоната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.