24фудбал

Играл за Велс против САД само 24 часа откако му соопштиле трагична вест

Играчот на Нотингем форест и велшката репрезентација, Неко Вилијамс вели дека пред мечот со САД од дома му соопштиле трагична вест, починал неговиот дедо.

СП 2022

Велс синоќа со гол на Бејл од пенал во финишот од мечот се спаси од пораз против САД. Вилијамс бодот го посвети на својот починат дедо и откри колку тешко ја примил трагичната вест.

„Синоќа ја примив најтешката вест со која било кога сум се соочил и ја слушав мајка ми како ми кажува дека дедо ми починал минатата ноќ. Да плачам цел ден и да стартувам на натпревар на Светското првенство ми беше екстремно тешко но поминав преку тоа благодарение на поддршката на моите соиграчи и моето семејство. Па натпреварот и овој важен бод му ги посветувам на него“, напиша Вилијамс на социјалните мрежи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.