24фудбал

Милинковиќ-Савиќ го одбрал следниот клуб, веќе има и усмен договор

Новинарот на „Газета дело Спорт“, Алфредо Педула тврди дека српскиот фудбалер, Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе има договор со Јувентус за следното лето, но дали ќе се случи трансферот, се прашува Лацио.

Италија

Милинковиќ-Савиќ има договор со Лацио до јуни 2024 година, ако не си замине следното лето, римскиот клуб ризикува да го загуби за беспари по истекот на неговиот договор.

Алфредо Педула тврди дека Милинковиќ-Савиќ веќе има усмен договор со Јувентус за сума од 6 милиони евра по сезона плус бонуси.

Тој би потпишал нов договор со Лацио како почит за клубот, но само доколку во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра, максимум 50 милиони.

Сега топката се префрла на Лотито кој сака во новиот договор на Милинковиќ-Савиќ да има откупна клаузула од најмалку 70 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.