24фудбал

Милевски: Ова е убав шамар за сите нас

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е разочаран од изданието на неговите фудбалери против Азербејџан.

Македонија

Македонија денеска загуби од Азербејџан со 3-1, одигравме уште еден разочарувачки меч на Националната Арена „Тодор Проески“.

„Мора да сум искрен, ова е убав шамар за сите нас. Мора да го ставиме прстот на челко и да се замислиме добро, дали и колку го почитуваме македнскиот дрес. Почнувам од мене, па до сите други, технички служби, фудбалери, стручен штаб. Добро е што дојде тој шамар сега. Не се сомневам дека ќе сме спремни за во март, но мора да бидеме спремни во главите, да сфатиме дека нема лесни противници, фудбалот нема импровизации, мора да имаш самопочит, почит кон ова што го носиме тука сите од нас, за да можеш да го почитуваш тоа што си дел од репрезентација на Македонија“, изјави Милевски.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.