24фудбал

Роналдо во повредениот Бензема гледа шанса за трансфер, се понудил да се врати во Реал Мадрид

Според пишувањата на Спорт, Кристијано Роналдо се понудил на Реал Мадрид, Португалецот сака да ги искористи повредите на Карим Бензема за да направи трансфер.

Шпанија

Се верува дека Кристијано Роналдо нема иднина на Олд Трафорд по интервјуто со Пирс Морган, „ѓаволите“ им дале наредба на адвокатите да го раскинат договорот на Португалецот.

Останува да се види кој ќе биде следниот клуб на напаѓачот, а според пишувањата на Спорт, Кристијано Роналдо се понудил на Реал Мадрид.

ЦР7 сака да ги искористи повредите на Карим Бензема за одново да го облече дресот на „кралевите“ и шест месеци да настапува на „Сантијаго Бернабеу“.

Карим Бензема минатиот месец имаше ограничена минутажа поради повреда, и неговото отсуство веднаш се почувствува, па Реал Мадрид почна да размислува за ангажман на нов голгетер, а дали Кристијано Роналдо ќе биде изборот на Флорентино Перез, ќе покаже времето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.