Од Шпанската фудбалска федерација му испратиле на Давид Де Хеа благодарница за пензија од репрезентација на Шпанија, а тој ја прифатил со чудење бидејќи никогаш не објавил крај на репрезентативната кариера.
Категорија: Шпанија 18.11.2022 08:38
Луис Енрике одлучи да не го повика Де Хеа за Светското првенство. Тој лично му се јавил на голманот и го известил.
Де Хеа побарал образложение, но не добил. Луис Енрике му кажал дека тоа е негова одлука.
Во Шпанската федерација разбрале дека Де Хеа се повлекува, па му испратиле благодарница за досегашниот допринос за репрезентацијата.
Голманот бил зачуден од гестот и возвратил дека никогаш не објавил пензија од репрезентацијата, не се повлекува, ниту планира да се повлече.
За многумина е шокантно како за Давид Де Хеа немаше место во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.