24фудбал

Катар поткупил осум играчи од Еквадор за да го загубат мечот на отворањето на СП!

Амџад Таха кој е новинар, политички аналитичар и регионален раководител на Британскиот центар за блискоисточни студии, предизвика земјотрес со гласините дека Катар го мести мечот со Еквадор.

СП 2022

Според него, Катар поткупил осум фудбалери на Еквадор за сума од 7,1 милиони евра. Мечот на отворањето треба да заврши 1-0 за Катарците. Тој се надева дека информациите кои стигнале до него се лажни.

„Катар поткупил осум еквадорски фудбалери за сума од 7,1 милиони евра за да ја загубат неделната средба со резултат 0-1 (голот ќе падне во второто полувреме). Петорица инсајдери од Катар и Еквадор ми ја потврдија информацијата. Се надевам дека ова не е точно, но и дека излегувањето на оваа вест ќе спречи било каков обид за местенка. Светот мора да се соочи со корупцијата во ФИФА“, напиша Таха.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.