24фудбал

Бразил сакал да го ангажира Гвардиола за селектор, се шокирале кога слушнале дека платата му е 24 милиони

Потпретседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Франсиско Новелето Нето откри дека пред три години бил остварен контакт со Пеп Гвардиола, но платата на Шпанецот била превисока.

Останато

Во пресрет на мундијалот во Катар, од таборот на ФФБ откриваат дека се обиделе да го ангажираат Пеп Гвардиола како селектор.

Контактот бил остварен пред три години, но работите запреле кога било откриено дека платата на Шпанецот е 24 милиони евра по сезона.

„Пред околу три години, остваривме контакт со Пеп Гвардиола, разговаравме со неговиот агент. Тој ни рече дека Пеп Гвардиола е отворен за идејата да го превзеде кормилото на Бразил. Сепак, неговата плата беше 24 милиони евра по сезона“ – вели потпретседателот на ФФБ, Франсиско Новелето Нето.

„Еден мој колега за малку ќе добиеше срцев удар кога разбра за каква бројка станува збор“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.