24фудбал

Милан сака за ситни пари да го купи Ауар во јануари

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан ќе се обиде да го ангажира Хусем Ауар од Лион во зимскиот преоден рок.

Италија

Милан сака повторно да пазари во Франција, како што пренесуваат медиумите, Хусем Ауар од Лион е идентификуван како нова трансфер цел.

По препорака на првиот скаут Монкада, фудбалерот од средниот ред подолго време е во фокусот на Паоло Малдини и Рики Масара.

Се говори дека веќе се почнати преговори, агентите на Французинот се истите оние кои се грижат за кариерата на Калулу и Дест, па добриот однос помеѓу двете страни треба да помогне за реализација на зделката.

Договорот на Хусем Ауар истекува во јуни 2023 година, па „росонерите“ сакаат да ја искористат оваа ситуација и за ситни пари да го донесат фудбалерот во јануари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.