24фудбал

Роналдо ја доби првата понуда по бомбастичното интервју

Првиот човек на австралиската А-Лига, Дени Таунсенд вели дека со раширени раце ќе го дочекаат Кристијано Роналдо

Англија

Кристијано Роналдо изминативе денови е во фокусот на јавноста откако седна на разговор со Пирс Морган и си ја отвори душата. Португалецот не се штедеше со критиките кон Ерик тен Хаг, Манчестер јунајтед и сопствениците на клубот, па тешко за верување е дека по Светското првенство ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Низ медиумите кружат шпекулации за можен трансфер во Челси, Спортинг или пак во Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам.

Првата понуда сепак пристигна од Австралија, првиот човек на А-Лига, Дени Таунсенд денеска изјави дека тие со раширени раце ќе го дочекаат Кристијано Роналдо.

„Роналдо рече дека не добивал доволно љубов и почит од Манчестер јунајтед, но ние сигурно можеме да му дадеме љубив и почит во Австралија. Можеби не можеме финансиски да се натпреваруваме со другите, но имаме што друго да понудиме“ – вели Дени Таунсенд.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.