24фудбал

Џон Тери се потсети на еден посебен гол на Челси и рече: Не сум сигурен што правев таму... (ВИДЕО)

Гери Кејхил објави крај на кариерата, па од официјалниот профил на Лигата на шампионите му честитаа со видео од негова маестрална асистенција.

Лига на Шампиони

Челси го има дадено еден од најнеочекуваните голови од Лигата на шампионите, противникот беше ПСЖ.

Џон Тери нафрли од крилна позиција, Гери Кехил асистираше со пета, а Бранислав Ивановиќ го даде голот. Акција на тројцата дефанзивци на Челси, кои во тој момент изгледаа како офанзивни фудбалери.

Со таа прекрасна асистенција, Лигата на шампионите му ја честитаа пензијата на Гери Кејхил, а Џон Тери го ретвитна видеото и напиша: „Централен дефанзивец до централен дефанзивец до десен бек и гол. Не сум сигурен што сум правел таму ....“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.