24фудбал

Три меча суспензија за Левандовски, од нив два се дерби натпревари

Откако ќе се врати од Светското првенство, Роберт Левандовски ќе одмори и за следните три натпревари на Барселона, толку изнесува суспензијата поради неговиот црвен картон.

Шпанија

Левандовски доби два жолти картони на мечот со Осасуна, последниот на Барселона пред паузата за Светското првенство.

Одејќи накај соблекувалната Левандовски со прстот се чешаше по носот и потоа го покажа кон судијата и излезе.

Според извештајот на судијата, Левандовски направил гестови со кои изразил несогласување со судијата, додека некои велат дека таквиот гест во Германија значи арогантност.

Левандовски е казнет со еден меч суспензија поради двата жолти картони, и два меча суспензија за тој гест со прстот. Вкупно три.

Од нив два дуели се дерби, едниот е градскиот дерби меч против Еспањол, второто дерби е со Атлетико Мадрид, ќе го пропушти и натпреварот со Хетафе.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.