24фудбал

Лапорта откри кој фудбалер Ливерпул успеал да го „украде“ пред Барселона

Жоан Лапорта откри дека сакал да го ангажира Луис Диаз кога Колумбиецот бил дел од Порто, но Ливерпул реагирал побрзо и потпишал со офанзивниот фудбалер.

Шпанија

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта е во посета на Колумбија и ја искористи оваа прилика да открие дека „каталонците“ на почетокот од годината размислувале да го ангажираат Луис Диаз, но Ливерпул реагирал побрзо.

„Ние само што дојдовме на чело на клубот а Ливерпул беше многу пред нас. Размислувавме да го ангажираме, требаше да ја средиме финасиската ситуација, но Ливерпул на крајот не победи за неговиот потпис“ – вели Жоан Лапорта.

„Се работи за навистина добар играч, кој во моментов е дел од Ливерпул па не сакам да говорам премногу... но да, кога играше во Порто, разговаравме со неговите агенти“.

Во последните денови од зимскиот преоден рок, Луис Диаз се пресели на Енфилд во здекла вредна 45 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонуси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.