24фудбал

Антони: На улица ги дриблав дилерите и гангстерите... па од што да се плашам на терените?

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони проговори за своето детство во фавелите во Сао Паоло и додава дека се родил како дриблер, оваа дарба му помогнала да избега од фавелите и затоа никогаш нема да се промени.

Останато

Бразилецот минатиот месец доби критики откако на натпреварот со Шериф во Лига Европа имаше еден потег кој повеќе е за во циркуз отколку за професионален фудбалски натпревар.

Во разговор со „Плјерс Трибјун“, Антони сега опиша од каде потекнува, какво било неговото детство и зошто тој никогаш нема да се промени.

„Роден сум во пеколот. Ова не е шега. За моите пријатели од Европа кои не знаат многу, фавелата во која пораснав во Сао Паоло всушност се вика „Инфернињо“ или во превод „мал пекол“. Доколку навистина сакате да ме разберете како личност, тогаш треба да разберете од каде потекнувам. Мојата историјата. Моите корени“ – објаснува Антони.

„Инфернињо е злогласно место. На 15 чекори од нашата влезна врата, секогаш стоеа дилери на дрога, кои си тераа бизнис, од рака на рака предаваа роба“.

„Толку многу бевме навикнати да гледаме пиштоли што воопшто не ни беше страв. Пиштолите едноставно беа дел од секојдневието“.

„Човеку, некои од работите кои ги имам видено... Само оние кои живееле во фавела можат да разберат. Едно утро, на пат кон училиште, кога имав 8 или 9 години, наидов на човек кој лежи во сокачето. Кога се доближив, сфатив дека е мртов. Во фавелата, отрпнувате од вакви работи. Не можев да одам од друг пат, па само замижав и скокнав преку мртвото тело“.

„Не го кажувам ова за да се презентирам како силно момче, едноставно ова беше реалноста. Всушност, јас постојано велам дека имав среќа како дете, ми беше дадена дарба од рајот. Топката беше мојот спас“.

„Секој ден, мојот постар брат ќе ме однесеше надвор да играме фудбал. Во фавелата, сите играат. Деца, постари луѓе, учители, градежници, возачи на автобуси, дилери, гангстери. На игралиштето, сите се еднакви. Во времето на мојот татко, фудбал се играло на земја, во мое време се играше на асфалт. На почетокот играв бос, стапалата ми беа крвави. Немавме пари за да купиме патики. Бев мал, но дриблав со злобост дадена од Бог. Дриблањето ми беше природен инстинкт, нешто што потекнуваше од мојата душа. И не му се плашев на никого. Ќе им продадев еластико финта на дилерите, ќе им ја протнев топката низ нозете на крадците“.

Антони потоа раскажува како преку Сао Паоло стигнал до Ајакс, па во Манчестер јунајтед и додава: „Од калта до Ајакс па во Манчестер јунајтед за три години“.

„Луѓето ме прашуваат како успев? Искрено, успеав бидејќи не чувствувам притисок на терените. Немам страв. Од што да се плашам? Кога скокате преку мртви тела само за да отидете во училиште, ништо не може да ве плаши на фудбалските терени. Работите кои ги имам видено, поголемиот дел од фудбалските стучњаци и коментатори не можат да ги замислат“.

„Во животот, страдаме доста, се грижиме доста, плачеме доста“.

„Но во фудбалот, со топката во нозе, треба да бидете радосни. Бев роден како дриблер. Тоа е дел од моите корени, тоа е дарбата која ме извади од калта и ме однесе до „Театарот на Соништата“. Никогаш нема да го променам начинот на кој играм, бидејќи тоа не е стил, тоа сум јас. Тоа е дел од мене, тоа е дел од нашата приказна како Бразилци. Ако гледаш клип од мене од 10 секунди, нема да разбереш ништо“.

„Доколку мислите дека сум само еден обичен кловн, тогаш не ја разбирате мојата приказна“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.