24фудбал

Што се случи меѓу Роналдо и Кансело на тренингот на Португалија!? (ВИДЕО)

Од денешниот тренинг на португалската репрезентација на социјалните медиуми излезе снимка од Роналдо и Кансело која е хит на социјалните мрежи.

СП 2022

Роналдо му пријде на Кансело кој беше очигледно нерасположен, го фати за главата, а фудбалерот на Сити му ги тргна рацете на капитенот и не го смени изразот на лицето.

Нејасно е што точно се случи, некои велат дека Кансело бил нервозен поради некој опасен старт на некој соиграч врз него, па Роналдо му пришол да го расположи.

Некои веруваат дека и во овој случај се работи за последици од интервјуто на Роналдо. Но, во текот на денот се очекува португалските медиуми да ја откријат точната приказна зад овој настан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.