24фудбал

Тен Хаг им порачал на директорите: Роналдо никогаш повеќе не треба да заигра за Манчестер јунајтед!

Според пишувањата на ЕСПН, Ерик тен Хаг имал состанок со неколку директори на Манчестер јунајтед, тренерот порачал дека Кристијано Роналдо никогаш повеќе не треба да заигра за клубот.

Англија

Кристијано Роналдо и понатаму е топ тема во светот на фудбалот, се објавуваат нови исечоци од интервјуто со Пирс Морган, денеска беа споделени критиките кои Португалецот ги има за семејството Глејзер.

Како што пренесува ЕСПН, Ерик тен Хаг вчера имал средба со ко-претседателот Џоел Глејзер, извршниот директор Ричард Арнолд и директрот за фудбал Џон Мурту.

Тренерот им порачал дека Кристијано Роналдо нигакош повеќе не треба да заигра за Манчестер јунајтед. Ерик тен Хаг сметал дека Португалецот претерал со критиките и нема ништо против да му биде раскинат договорот.

Во меѓувреме, Сан исто така пишува дека се поизвесно е дека „ѓаволите“ се подготвени да го „искинат“ договорот на Кристијано Роналдо и да ја прекинат соработката со напаѓачот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.