24фудбал

Гвардиол се повреди, има скршен нос и отечено око, неизвесен му е настапот на СП

Тренерот на Лајпциг, Марко Росе потврди дека Јошко Гвардиол по сударот со својот соиграч, Вили Орбан, не поминал и ризикува да не отиде на Светското првенство.

Германија

Гвардиол синоќа бил однесен во болница по бруталниот судар со својот соиграч Вили Орбан.

Тоа се случило во 23. минута од мечот против Фрајбург по што Хрватот веднаш бил изваден од игра.

„Слушнав дека има скршен нос и окото му е прилично отчено, изгледа како боксер по 12 рунди против силен противник“, опиша тренерот Росе.

Бидејќи се работи за повреда на лицето, се очекува Гвардиол да биде оспособен за настап на Светското првенство, да игра со маска, но се чека потврда од хрватската репрезентација.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.