24фудбал

Баерн излезе со официјално соопштение, има ли надеж за Мане?

Баерн Минхен попладнево излезе со официјално соопштение и пренесе дека Садио Мане ја повредил десната фибула, Сенегалецот во следните денови ќе направи нови тестови.

Германија

Садио Мане синоќа се повреди против Вердер Бремен а утрово Л'Екип пренесе лоши вести, напаѓачот го пропушта Светското првенство.

Попладнево се огласија од таборот на Баерн Минхен, шампионот на Македонија во моментов не ја потврди информацијата на Л'Екип.

„Баварците“ само кратко пренесоа дека Садио Мане ја повредил десната фибула и во следните денови ќе направи нови тестови по кои ќе се знае повеќе. Исто така, Баерн Минхен брифираше дека се во постојан контакт со лекарскиот тим на репрезентацијата на Сенегал.

Според некој прогнози, Садио Мане ќе паузира барем три недели, со што има мали шанси да биде дел од мундијалот во Катар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.