24фудбал

Сари се жали од навивачите на Феенорд: Фрлаа ќеси со урина по нас!

Лацио синоќа го загуби мечот од Феенорд и испадна од Лига Европа, а Маурицио Сари се пожали на примитивни гестови на домашната публика.

Лига Европа

На Лацио му беше доволен и бод за да остане во Лига Европа, но загуби со 1-0 од Феенорд и сега ќе продолжи во Конференциската лига.

Атмосферата на „Де Куип“ стадионот во Ротердам беше жешка во текот на целиот меч. А Сари открива дека домашните навивачи ги преминале границите.

„Фрлаа ќеси со мо*ка кон нашата клупа. Се разбира дека тоа иритира“, открива Сари.

Тренерот на Лацио е гневен и на судењето, смета дека неговиот тим е ограбен, особено при постигнувањето на голот на Феенорд.

„Не ни сакам да почнам да зборувам за судиите. Еден фудбалер имаше најмалку седум-осум фаули од позади врз нашите фудбалери, но само ние добивавме жолти картони“.

„А за нивниот гол, имаше два фаули за нас во нивната акција, не еден. Започна со фаул врз Матео Канселиери блиску до мојата клупа, потоа Петриќ беше турнат од позади во голманот“.

„Очекувавме барем судијата да ја погледне ВАР снимката“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.