24фудбал

Пирова победа за Јунајтед, Лацио оди во Конференциска лига, Црвена звезда заврши со Европа

Манчестер јунајтед остана на второто место откако не успеа со два разлика да ја победи екипата на Реал Сосиедад, во група во која сите екипи имаа осум бода Лацио заврши на третата позиција и ќе игра во Конференциска лига, Црвена звезда е поразена во Монако и го завршува настапот во Европа.

Лига Европа

Манчестер јунајтед со 1-0 победи на гостувањето кај Реал Сосиедад, голот го даде младиот Гарначо уште во 17. минута од натпреварот по асистенција на неговиот идол Кристијано Роналдо.


Голот беше рано постигнат, Манчестер јунајтед имаше доволно време да даде и втор, но не го направи тоа и останува на второто место, па ќе мора да игра со некоја од екипите кои испднаа од Лигата на шампионите, додека Реал Сосиедад како прв оди директно во осминафинале.

Интересно беше во групата Ф во која Лацио со 1-0 загуби кај Феенорд, а Митјиланд со 2-0 го победи Штурм. Сите четири екипи имаат 8 бода. Гол разликата решаваше, Феенорд и Митјиланд ги освоија првите две места, Лацио е трет и испадна од Лига Европа, ќе игра во Конференциската лига. Штурм како последен заврши со европските натпревари.

А со Европа заврши и Црвена звезда која со 4-1 загуби на гостувањето кај Монако. Српскиот тим го освои последното место на табелата.

Во истата група Трабзонспор со 1-0 го победи Ференцварош и го освои третото место, ќе игра во Конференциската лига. Барди мечот го почна од клупата, во игра влезе во 69. минута.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.