24фудбал

Реакцијата на Донарума кога дозна дека ПСЖ не е прв во групата (ВИДЕО)

Синоќа исклучително возбудлива беше битката меѓу ПСЖ и Бенфика за првото место во групата, на крајот Португалците беа тие кои беа посреќни.

Лига на Шампиони

Бенфика со гол во самиот финиш дојде до победа од 6-1 над Макаби со кој буквално во речиси сите сегменти се израмни со ПСЖ.

Двата клуба имаа исто бодови, иста гол разлика и нивните два меча завршија со идентични 1-1. Па поради повеќе голови постигнати на гостински терен мечевите, Бенфика го освои првото место, а ПСЖ беше втор.

Кога заврши мечот со Јувентус, фудбалерите на ПСЖ не беа свесни кое место се. Пред дуелот тие беа во идеална позиција со победа да бидат први, но Бенфика славеше неочекувано висока победа и им го зема првото место.

Интересна беше реакцијата на Џиџо Донарума кога тренерот Галтие му кажа дека тие сепак се втори во групата. Голманот веднаш го смени изразот на лицето.

ПСЖ во понеделничката ждрепка може за противник да добие некој од Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челси, Баерн Минхен, Тотнем, Порто или Наполи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.