24фудбал

Мбапе летоска барал Нејмар да биде продаден а сега му фали Бразилецот: Солер не е на потребното ниво

Килијан Мбапе вели дека Карлос Солер не може да се споредува со Нејмар откако отсуството на Бразилецот беше очигледно против Јувентус.

Лига на Шампиони

ПСЖ синоќа славеше со 1-2 на гостувањето кај Јувентус но трите бода не беа доволни за првото место во групата откако Бенфика приреди чудо и триумфираше со 1-6 против Макаби Хаифа па во лудо сценарио изби на чело на табелата.

„За време на натпреварот не знаевме дека може да се случи ова, кон финишот се обидоа да не предупредат но немаше многу време. Во секој случај, ништо не менува, успеавме да се пласираме во осминафинале. Дојдовме да победиме и го сторивме тоа, иако на крајот не беше доволно за прво место. Сега ќе ја следиме ждрепката и без разлика кој ќе ни се падне, ќе играме за да победиме“ – вели Килијан Мбапе, кој постигна прекрасен гол.

Нејмар поради жолти картони не беше во составот а Карлос Солер доби задача да го надополни неговото отсуството во нападот.

„Карлос Солер не е стартер, не е навикнат на таа улога. Тој е различен фудбалер од Нејмар, ги нема карактеристиките и квалитетот на Нејмар. Но тоа е што е, игравме како што можевме и си заминавме со победа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.