24фудбал

Алегри: Чувствуваме задоволство, но и лутина што ќе играме во Лига Европа

И покрај поразот од ПСЖ од 2-1, Јувентус остана на третата позиција благодарение на поразот на Макаби Хаифа од Бенфика, тимот на Алегри ќе продолжи во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Јувентус оваа сезона не успеа да се избори за нокаут фазата од Лигата на шампионите, па ќе треба да се задоволи со место во Лига Европа.

„Одигравме добар натпревар, штета што загубивме“, вели Алегри.

„Во Лига Европа сме и од утре вртиме нов лист да се фокусираме на Серија А. Треба да бидеме мотивирани, лути и веднаш да се вратиме на работа. Има еден дел во нас кој треба да биде задоволен со пласманот во Лига Европа, но друг дел мора да биде лут“.

На вчерашниот меч конечно се врати Енрико Киеза кој 10 месеци беше во аут. Тој во игра влезе во текот на второто полувреме.

„Имаше добар тренинг пред мечот, имав сомнеж за неговата психолошка сила по толку месеци отсуство, но тој изгледаше смирено и фокусирано, па бев инспириран да го внесам во игра. Сега е потребно постепено да го ставаме во игра до паузата за Светското првенство, за да биде во најдобра форма во јануари“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.