24фудбал

Какво лудо сценарио, Бенфика заврши пред ПСЖ поради повеќе голови во гости! (ВИДЕО)

Бенфика забележа убедлива победа од 1-6 на гостувањето кај Макаби Хаифа и преку лудо сценарио стигина до првото мество во Групата Х и му го помати сметките на ПСЖ.

Лига на Шампиони

ПСЖ сметаше дека победа на гостувањето кај Јувентус ќе им биде доволна за првото место во групата и поповолна ждрепка во осминафиналето, но Бенфика преку едно лудо сценарио им ги помати сметките на „светците“.

„Орлите“ од Лисабон вечерва ја наполнија мрежата на Макаби Хаива и со голот на Жоао Марио во 92. минута стигнаа до победа од 1-6.

ПСЖ славеше со 1-2 против Јувентус, па двата клуба групната фаза ја завршија со ист број на бодови (14) иста гол разлика (16-7) и ист меѓусебен скор (два нерешени резултати 1-1).

Па следен критериум за одредување на позицијата на табелата беа головите во гости, тука Бенфика беше далеку подобра па на крајот го освои првото место во групата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.