Блескава партија на Оливие Жиру, Милан со 4-0 го победи Салцбург во директната пресметка и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, Челси со пресврт дојде до триумф против Динамо Загреб.
Категорија: Лига на Шампиони 02.11.2022 23:05
Милан не смееше да загуби на Сан Сиро против Салцбург, на австрискиот тим му требаше победа за второто место, но росонерите покажаа кој е кој.
Херој на Милан беше Оливие Жиру кој постигна два гола и имаше две асистенции.
Жиру погоди во 14. минута за водство од 1-0, а потоа по неколку секунди игра во вториот дел асистираше до Круниќ кој реализираше за 2-0.
Во 57. минута Жиру даде нов гол, овојпат за 3-0, а во судиското продолжение од мечот асистираше до Месиас за конечни 4-0.
Динамо Загреб поведе на Стемфорд Бриџ со 1-0, но го загуби мечот со 2-1. Ристовски и Адеми беа стартери, и двајцата беа заменети во текот на второто полувреме.
Петковиќ во седмата минута донесе водство за Динамо, но десет минути подоцна Стерлинг изедначи на 1-1.
Во 30. минута Закарија донесе победа за англискиот тим. За него ова беше прв меч и веднаш даде гол.
Во групата каде се беше познато од претходно Манчестер Сити со 3-1 ја совлада Севиља.
Рафа Мир во 31. минута даде гол за Севиља, а во вториот дел Луис, Алварез и Марез погодија за победа на Сити.
Копенгахен и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 1-1. Гостите поведоа со гол на Азар во 23. минута, изедначи Харалдсон на четири минути до крајот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.