24фудбал

Реал Мадрид му даде пет гола на Селтик, Лајпциг четири на Шахтар (ВИДЕО)

Реал Мадрид со убедливи 5-1 го победи Селтик во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Лајпциг со 4-0 славеше на гостувањето кај Шахтар.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид кој веќе беше пласиран во осминафиналето, со моќен перформанс го задржа првото место.

Интересно беше во првите 35 минути од натпреварот кога беа досудени дури три пенали, два за Реал Мадрид и еден за Селтик. Сите оправдано.

Модриќ и Родриго ги реализираа пеналите за Реал Мадрид, а Јурановиќ промаши за Селтик. Куртоа го одбрани неговиот удар. Првото полувреме заврши со предност од 2-0.

По шест минути игра во второто полувреме Асенсио зголеми на 3-0, десет минути подоцна Винисиус зголеми на 4-0.

Во 71. минута Валверде постигна убав гол за 5-0, а до крајот на мечот Селтик преку Жота само даде почесен гол.

Шахтар доколку го победеше Лајпциг ќе дојдеше до второто место, но германскиот клуб славеше со 4-0.

Нкунку погоди за 1-0, во вториот дел Андре Силва зголеми на 2-0, Собослаи потоа реализираше за 3-0 и на крајот Бондар си постигна и автогол за 4-0.

Интересно во првиот меч меѓу овие две екипи Шахтар со 4-1 победи во Германија, но отогаш ја загуби формата и ќе треба да се задоволи со место во Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.