Саул Нигез беше единствениот фудбалер на Атлетико Мадрид кој остана на теренот по поразот од Порто и 5 минути ги слушаше навредите на навивачите, кои останаа разочарани по елиминацијата од Европа.
Категорија: Лига на Шампиони 02.11.2022 16:38
Атлетико Мадрид остана без настап во Европа откако синоќа загуби на гостувањето кај Порто со 2-1 и се надоврза на лошиот резултат од прехтодното коло, кога дома промаши пенал во 99. минута и одигра 2-2 против Баер Леверкузен.
По последниот свиреж на судијата, сите фудбалери (освен Жоао Феликс) ги поздравија фановите кои допатуваа на „Драгао“, но само еден остана на терен за да ги слуша критиките и навредите.
Саул Нигез 5 минути стоеше на теренот и слушаше што имаат да кажат разочараните навивачи.
Saúl se queda solo aguantando el chaparrón durante 5 minutos
— Javi Gómez (@JaviGomezCh) November 1, 2022
"¡¡¡ SAÚL SÁCALOS!!! canta la afición desplazada@partidazocope @tjcope pic.twitter.com/Nv122Ovlwq
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.