Садио Мане го прокоментира контроверзниот момент на мечот помеѓу Баерн Минхен и Интер и неговото играње со рака во шеснаесетникот, смета дека судијата донел права одлука и немало пенал.
Категорија: Лига на Шампиони 02.11.2022 09:23
Баерн Минхен синоќа со 2-0 го совлада Интер во меч без резултатско значење и само ја потврди својата доминација во групата Ц.
На стартот од натпреварот имаше еден контроверзен момент кој ја подели фудбалската јавност, при еден шут на Барела, Садио Мане ги крена рацете и ја блокираше топката како голман.
Судијата се консултираше и со ВАР, ја гледаше целата ситуација од неколку различни агли и на крајот реши да не досуден пенал.
Самиот Садио Мане
се огласи по крајот на натпреварот и рече: „Ако не ги кренев рацете, ќе завршев
во болница! Ова не е пенал“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.