Атлетико Мадрид доживеа комплетна елиминација од Европа откако загуби од Порто со 2-1, а Баер Леверкузен и Клуб Бриж одиграа нерешено.
Категорија: Лига на Шампиони 01.11.2022 20:46
Атлетико Мадрид важеше за фаворит во групата Б, но на крајот заврши на последното место на табелата и нема да дочека европска пролет.
Порто победи со 2-1 и го освои првото место во групата.
Тареми уште во петтата минута ја најави победата, а Еустакио во 24. минута зголеми на 2-0 за Порто.
Во 95. минута Атлетико Мадрид со автогол на Марчано успеа само да постигне почесен гол.
На мечот меѓу Баер Леверкузен и Клуб Бриж немаше голови.
Порто го освои првото место со 12 бодови, Клуб Бриж е втор со 11, овие два клуба одат во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Трет е Леверкузен кој има пет бодови исто како и Атлетико Мадрид, но германскиот тим има подобар меѓусебен дуел и оди во Лига Европа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.