Дел од фудбалерите на Барселона ќе добијат одмор, а други шанса за докажување на дуелот против Викторија Плзен кој се игра во Чешка.
Категорија: Лига на Шампиони 01.11.2022 07:27
Последниот натпревар на Барселона во групната фаза од Лигата на шампионите против Викторија Плзен не може да промени ништо на табелата во групата, каталонците секако остануваат на третото место.
Поради тоа Чави ќе направи неколку промени во стартниот состав. Од она што е сигурно, Серхио Бускетс и Роберт Левандовски нема да настапат бидејќи тие не ни отпатуваа за Чешка.
Според „Мундо Депортиво“, шанса од првата минута ќе добијат голманот Инаки Пења и 19-годишниот Пабло Торе.
Покрај овие најавени промени, се очекуваат и уште некои измени во стартниот состав на Барселона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.