24фудбал

Црвена звезда го победи Трабзонспор и остана во игра за второто место (ВИДЕО)

Црвена звезда ја забележа втората победа во Лига Европа откако го совлада Трабзонспор со 2-1, црвено-белите до последното коло ќе се борат за пласман во следната фаза од Лига Европа.

Лига Европа

Црвена звезда во водство дојде во 37. минута со гол на Катаи, но само две минути подоцна Трабзон го изедначи резултатот преку Бакашеташ.

Во 64. минута Пешиќ даде гол за ново водство на Црвена звезда кое на крајот значеше и победа од 2-1.

Енис Барди беше стартер во тимот на Трабзонспор и на теренот остана до 83. минута.

Црвена звезда мора да го победи Монако во последното коло на негов терен доколку го сака второто место, но и во таква ситуација ќе зависи од дуелот меѓу Трабзонспор и Ференцварош. 

Црвена звезда и трускиот тим имаат ист број на бодови и ист меѓусебен дуел, па во случај и двете да победат во последното коло, ќе одлучува гол разликата. Засега и двете екипи имаат +1 гол, со таа разлика што Трабзон има повеќе дадено.

На табелата Ференцварош е прв со 10 бодови, втор е Монако со седум, Трабзон и Црвена звезда имаат по шест.




Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.