24фудбал

Мечот меѓу Словачко и Келн траеше само 6 минути, Партизан загуби од Ница (ВИДЕО)

Поради густа магла, мечот од Конференциската лига меѓу Словачко и Келн беше прекинат во седмата минута, во истата група Ница го победи Партизан со 1-0.

Лига Европа

Густата магла не дозволи вечерва да се игра натпреварот меѓу Словачко и Келн. Тој ќе продолжи утре со почеток од 13. часот. Ќе продолжи да се игра од седмата минута кога што беше прекинат.

Во другиот меч од групата Ница му го нанесе првиот пораз на Партизан. 

Пепе погоди во 29. минута за водство на францускиот тим од 1-0. Гомеш во 74. минута изедначи на 1-1, но само три минути подоцна Лемина даде гол за конечни 2-1 за Ница.

Фиорентина со два гола на Лука Јовиќ го победи Башакшехир со 2-1.

Виљареал во првиот меч без Унаи Емери одигра 2-2 против Хапоел Бер Шева. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.