24фудбал

Чудно е на Пиринеите, Реал Мадрид е единствениот шпански клуб кој останува во ЛШ, Португалија може да има дури три

Звучи неверојатно, но Шпанија остана само со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а Португалија може да има дури три претставници во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Лига на Шампиони

Работите на пиринејскиот полуостров оваа сезона изгледаат поинаку кога во прашање е Лигата на шампионите.

Португалците може да му фаќаат сеир на својот сосед бидејќи ретко кој можеше да поверува дека тие ќе имаат повеќе претставници во нокаут фазата од ЛШ отколку Шпанија.

Реал Мадрид е единствениот шпански клуб кој продолжува во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља испаднаа и тоа на коло пред крајот.

За разлика од Шпанија, Португалија веќе има две екипи кои се квалификуваа понатаму, тоа се Бенфика и Порто, а на добар пат е да им се придружи и Спортинг Лисабон.

Спортинг Лисабон во моментов е на второто место во групата и треба само да не загуби на свој терен од Ајнтрахт Франкфрут за да остане на таа позиција и да се пласира меѓу најдобрите 16.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.