Медиумите од Германија пренесуваат дека Роберт Левандовски ја посетил соблекувалната на Баерн Минхен по синоќешниот натпревар на Камп Ноу, напаѓачот разговарал со своите поранешни соиграчи.
Категорија: Лига на Шампиони 27.10.2022 09:33
Роберт Левандовски изминатово лето реши да стави крај на престојот во Минхен и се реши за авантура во Барселона.
Судбината веднаш го стави Појлакот на мегдан со поранешниот клуб, а Роберт Левандовски немаше добро искуство. Напаѓачот ниту еднаш не ја затресе мрежата, два пати загуби и беше елиминиран од Лигата на шампиони.
Медиумите од Германија пренесуваат дека по крајот на синоќешниот натпревар на Камп Ноу, Роберет Левандовски ја посетил соблекувалната на Баерн Минхен и разговарал со своите поранешни соиграчи.
Дали напаѓачот изразил каење за својата одлука никој не сака да каже, Томас Милер само кратко рече: „Жал ми е за Лева, знам колку е амбициозен“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.