24фудбал

Лудило, во авион ја гледаа драмата во Мадрид и дознаа дека се пласираа во осминафиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Несреќниот крај за фудбалерите на Атлетико на мечот со Леверкузен, беше среќен крај за фудбалерите на Порто кои се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Порто синоќа од 18:45 го играше својот меч од Лигата на шампионите, го победија Клуб Бриж на негов терен со 4-0.

Па се наоѓаа во авионот за дома кога се случуваше драматичниот крај на мечот од нивната група меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен.

Фудбалерите на Порто на мобилни телефони во авионот ја проследија драмата, а кога таа заврши, славјето за пласманот во осминафиналето беше огромно.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.