Јаник Караско е трагичарот на Атлетико Мадрид на синоќешниот дуел против Баер Леверкузен, промаши пенал во 99. минута, а се најде и на погрешно место по одбиената топка и успеа да го блокира ударот кој одеше во голот.
Категорија: Лига на Шампиони 27.10.2022 08:38
Атлетико Мадрид е елиминиран од Лигата на шампиони откако не успеа да го победи Баер Леверкузен во меч со драматична завршница.
Откако судијата свирна крај, од ВАР собата го информираа дека имало спорен момент, ситуацијата се прегледуваше на мониторот крај игралиштето по што беше покажан пенал за домаќините.
Јаник Караско ја превзеде одговорноста, но лошо биеше, за маката да биде поголема, прв до одбиената топка стигна Саул Нигез, кој ја погоди пречката, а Мандава од трета среќа се обиде да ја затресе мрежата но само за Јаник Караско да се најде на патот на топката и да спречи гол.
И додека фудбалерот од Белгија не можеше да поверува што му се случува, Бакер од Баер Леверкузен имаше срамно однесување, му се стави во лице на Јаник Караско и ги славеше промашувањата.
Со оглед на тоа колкав беше влогот и каква беше драмата, само Јаник Караско знае како се воздржа да не го удри Бакер во целата ситуација.
L’ancien Parisien Mitchel Bakker qui chambre Carrasco pic.twitter.com/adr6yfZY5R
— Le Meilleur du PSG (@LMDPSG) October 26, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.