24фудбал

Симеоне лудиот крај на мечот со Леверкузен го гледа како симбол за сезоната на Атлетико Мадрид во ЛШ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид откако не победи против Леверкзуен е елиминиран од Лигата на шампионите, а во последното коло ќе се бори да дојде и до Лига Европа.

Лига на Шампиони

Мечот меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кој заврши 2-2 имаше необичен крај. Судијата свирна крај, а потоа се прегледуваше ВАР и беше досуден пенал за Атлетико.

Караско промаши, потоа Саул шутна во пречката, па при третиот обид топката го погоди Караско и не влезе во голот на Леверкузен. Резултатот остана 2-2 и Атлетико Мадрид го заврши настапот во ЛШ.

За да останат на третото место, во последното коло тие ќе мора да го победат Порто на негов терен доколку Леверкузен биде подобар од Клуб Бриж.

„Тоа што се случи на крај ја отсликува нашата игра во ова натпреварување. Се беше страдање, на многу меча на кои загубивме бодови, можевме да постигнеме уште по неколку гола доколку бевме поефективни. Овие последни моменти, со промашениот пенал, шутот во пречката и шутот во Караско, го отсликуваат тоа“, вели Симеоне.

„Не бараме изговори, не направивме некои работи. Второто полувреме од овој меч беше на највисоко ниво, добра игра, шанси, контранапади спречени од Облак, тимот даваше се цело време. Штета е што во Порто ќе одиме без шанса да продолжиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.