24фудбал

Навивачите со признание за Барди, мајсторијата против Монако е избрана за најубав гол (ВИДЕО)

Енис Барди го има најубавот гол оваа недела во Лига Европа, мајсторијата на Македонецот против Монако добие признание од навивачите.

Лига Европа

Енис Барди синоќа се запиша во листата на стрелци и помогна Трабзонспор со убедливи 4-0 да слави во пресметката со Монако.

Во 57. минута од мечот, домаќините добија прекршок на работ од шеснаесетникот, Енис Барди превзеде одговорност и итро биеше под живиот ѕид за 3-0.

„Знаев дека живиот ѕид се подготвува да скокне, не видов никого дека легнува зад нив па си реков дека ќе шутирам по земја... и испадна онака како што очекував“ – го образложи својот потег Енис Барди.

Мајсторијата на Македонецот денеска доби признание и од навивачите, па Енис Барди го има најубавиот гол оваа неделата во Лига Европа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.