24фудбал

Мурињо: Неуспешните ајкули од ЛШ ќе дојдат во ЛЕ, ќе биде интересно

Жозе Мурињо е задоволен што по ремито со Бетис, Рома сама си ја решава судбината во Лига Европа, но потенцира дека оваа сезона ќе биде посебно интересна поради тоа што од Лигата на шампионите ќе се приклучат неколку гиганти.

Лига Европа

Рома има четири бода од три кола во Лига Европа, но во последните две кола игра со Хелсинки на гостински терен и со Лудогорец дома, ако ги победи двата меча сигурно ќе се пласира во нокаут фазата.

„Имаме два натпревар да ги играме и да ги победиме, два нокаут меча, доколку не победиме ние сме во аут. Но тоа е добра работа, бидејќи само од нас зависи, не сме во позиција да чекаме некој друг резултат“, вели Жозе Мурињо.

Во Лига Европа како третполасирани од Лигата на шампионите ќе се приклучат повеќе гиганти, веројатно ќе бидат Барселона, Јувентус, Севиља, Ајакс, можеби Атлетико Мадрид.

Во Лига Европа се веќе Манчестер јунајтед, Арсенал, Рома, Лацио... па нокаут фазата ќе биде на едно многу високо и атрактивно ниво.

„Ние сакаме да дојдеме до второто место и да поминеме понатаму, но ако завршиме трети ќе бидеме кандидати за освојување на Конференциската лига. Но целта ни е да продолжиме во Лига Европа“.

„Неуспешните од Лигата на шампионите. Неуспешните ајкули ќе пристигнат во Лига Европа, тие ќе бидат големи. Тие не треба да дојдат, но тоа е реалноста. Ќе биде интересно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.