24фудбал

Роналдо би можел да го напушти Манчестер јунајтед во јануари, има зелено светло од Тен Хаг

Кристијано Роналдо оваа сезона почесто е на клупата за резерви отколку на теренот, а засега нема индиции дека тоа ќе се промени.

Англија

Реални се шансите оваа ситуација на Роналдо да заврши со негов трансфер во друг клуб. Таквите се најавите на „Телеграф“.

Според реномираниот британски весник, Ерик тен Хаг нема да застане на патот на Кристијано Роналдо доколку во јануари стигне понуда за Португалецот.

Неговото заминување би било добро за сите, а дел од легендите на клубот кои сега се критичари, како Рој Кин се чудот зошто не му беше дозволено да замине уште во јануари доколку планот беше да биде резерва.

Во меѓувреме Роналдо се надева дека во наредните натпревари ќе добие повеќе минути кои му се неопходни пред настапот на Светското првенство во Катар.

Неговото неиграње влијае и на формата во дресот на репрезентацијата. Тој одигра лошо на последните два меча за Португалија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.