24фудбал

Удинезе никогаш во својата историја не почнал една сезона подобро, падна и Верона (ВИДЕО)

Со гол на Бијол во 92. минута, Удинезе со 2-1 победи на гостувањето кај Верона и ја забележа шесттата победа по ред во Серија А, Несторовски ги одигра последните десетина минути.

Италија

Навивачите на Удинезе не ни можеа да замислат подобро отворање на новата сезона во Серија А, нивниот тим ги сруши сопствените рекорди и се наоѓа на третата позиција со само бод заостанување зад Наполи и Аталанта.

Удинезе во осум кола собра 19 бодови и даде 17 голови, а со тоа сруши два свои рекорди во Серија А по осум одиграни меча никогаш претходно не освоиле толку бодови, ниту дале толку голови.

Верона добро го почна денешниот меч, со гол на Доиг во 23. минута дојде до водство од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 70. минута кога Бето погоди за израмнување на 1-1, а Бијол во 92. минута даде гол за комплетен пресврт и победа на Удинезе од 2-1.

Несторовски во игра влезе во 81. минута од натпреварот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.