24фудбал

Атрактивен гол со пета и мајсторија од слободен удар, Лестер слави прва победа (ВИДЕО)

Лестер ја забележа првата победа оваа сезона откако вечерва со 4-0 славеше против Нотингем Форест, Џејмс Медисон погоди прекрасно од слободен удар а Престон Дака реализираше со пета.

Англија

Во последниот натпревар од 9. коло во Премиерлигата, Лестер со 4-0 ја доби пресметката против Нотингем Форест за прва победа оваа сезона.

Џејмс Медисон го отвори резултатот во 25. минута со многу среќа откако топката удри еден гостински фудбалер и го промени правецот. Само 100 секунди подоцна, домаќините поведоа со 2-0 со голот на Харви Барнс, кој убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот.

Во 35. минута, Џејмс Медисон биеше мајсторски од слободен удар и го матираше Хендерсон за 3-0.

Точка на натпреварот стави Престон Дака, кој во 73. минута атрактивно реализираше со пета за голема радост на „Кинг Пауер“ стадионот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.