24фудбал

Бензема трагичар, Реал испушти два бода против Осасуна (ВИДЕО)

Реал Мадрид испушти два бода против Осасуна, „кралевите“ одиграа само 1-1, Карим Бензема е трагичар откако промаши пенал, а му беше поништен и гол за мал офсајд.

Шпанија

Реал Мадрид и го препушти на Барселона првото место на табелата откако вечерва киксна дома против Осасуна.

Винисиус ги донесе кралевите во предност од 1-0 на крајот од првиот дел, но гостите одговорија веднаш на стартот од второто полувреме и преку Гарсија изедначија на 1-1.

„Кралевите“ имаа шанса за победа во завршницата кога беше досуден пенал, но Карим Бензема ја погоди само пречката.

Веќе во следниот напад Фрнцузинот ја затресе мрежата но голот беше поништен поради мал офсајд.

Напаѓачот имаше нова прилика во последните мигови од натпреварот, но и тогаш промаши.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.