24фудбал

Јувентус победи по еден месец, деби гол на Костиќ и страшен полуволеј на Милик (ВИДЕО)

Јувентус се радува на победа во Серија А по еден месец пауза, вечерва избраниците на Макс Алегри со 3-0 славеа против Болоња.

Италија

„Старата дама“ им се врати на победите, со головите на Костиќ, Влаховиќ и Милик стигна до сигурна победа во пресметката со Болоња.

Костиќ во 24. минута го постигна својот деби гол во Серија А за водство од 1-0 а по еден час игра, Влаховиќ со глава ја затресе мрежата на гостите за 2-0.

Само две минути подоцна, Милик закачи страшен полуволеј од врвот на шеснаесетникот за конечени 3-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.