24фудбал

Жанг иритиран од коментарите на Инзаги пред дуелот со Рома, стратегот е во сериозни проблеми

Медиумите од Италија пренесуваат дека виси столчето на Симоне Изаги, не се проблем само слабите резултати, тренерот го иритирал претседателот на клубот со коментарите пред дуелот против Рома.

Италија

Симоне Инзаги наскоро би можел да добие отказ, доколку се продлабочи резултатската криза на Интер, разделбата со тренерот е неизбежна.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, не се проблем само лошите резултати, стратегот го иритирал претседателот на клубот со своите коментари пред дуелот против Рома.

„На клубовите им носам трофеи, зголемени приходи и намалување на трошоците“ – е изјавата која воопшто не му се допаднала на Стивен Жанг.

Пред Интер сега е тежок дуел против Барселона во Лигата на шампиони, натправар на кој е потребен добар резултат за задржување на амбициите за едно од првите две места во групата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.