24фудбал

Три причини за големата трагедија на фудбалски натпревар во Индонезија

Властите во Индонезија отворија истрага за големата трагедија на фудбалскиот натпревар помеѓу Арема и Персебаја во која животот го загубија повеќе од 174 луѓе.

Останато

Утрово пристигнаа ужасни вести од Индонезија, на дуелот помеѓу Арема и Персебаја се случи голема трагедија, животот го загубија повеќе од 174 луѓе.

Хаосот започна по последниот свиреж на судијата, домашните навивачи разочарани од првиот пораз по 20 години во пресметките со ривалот, влегле на теренот и почнале да ги напаѓаат фудбалерите, официјалните лица и безбедносните служби.

Полицијата одговорила со солзавец, тоа придонело навивачите да почнат да трчаат кон излезите и настанало стампедо, во кое животот веднаш го загубиле најмалку 34 лица, а потоа уште многу повеќе на пат кон болниците, или во болниците.

Властите отворија истрага за големата трагедија, веќе се говори за три причини.

Првата е реакцијата на полицијата и употребата на солзавец, кој е забранет според пртоколите на ФИФА. Пробелм е тоа што солзавецот не бил фрлен само на теренот, туку и на трибините.

Втората причина е преголемиот број на навивачи на трибините, капацитетот на стадионот бил 38.000, а имало околу 4.000 фанови повеќе, односно 42.000.

Третата причина е лошата организација, недоволниот број на обезбедување и грешки во протоколите поради кои доцнела и медицинската помош.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.