24фудбал

Икарди се вратил во Аргентина за да се смири со Ванда, обезбедувањето го избркале?!

Мауро Икарди синоќа не беше дел од составот на Галатасарај против Адана, медиумите пренесуваат дека напаѓачот се вратил во Аргентина со намера да се смири со сопругата Ванда Нара.

Јужна Америка

Мауро Икарди повторно е во фокусот на јавноста поради причини кои не се поврзани со фудбалот.

Галатасарај синоќа гостуваше кај Адана Демирспор, Мауро Икарди не беше дел од составот па почнаа да кружат гласини.

Медиумите пишуваат дека напаѓачот се вратил во Аргентина со намереа да се смири со сопругата Ванда Нара, која минатиот месец објави дека се разделуваат.

Има две различни стории, првата вели дека обидот на Мауро Икарди бил неуспешен бидејќи обезбедувањето во зградата во која престојува Ванда Нара го избркале фудбалерот.

Втората вели дека Мауро Икарди и Ванда Нара сепак се сретнале и тоа во присуство на адвокатката Ана Росенфелд, која имала улога на медијатор.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.