24фудбал

Милан во луда завршница стигна до победа против Емполи (ВИДЕО)

Милан славеше со 1-3 на гостувањето кај Емполи во меч со луда завршница и дури три погодока во судиското надополнување.

Италија

Милан стигна до нови три бода, вечерва избраниците на Пиоли триумфираа со 1-3 на гостувањето кај Емполи.

Ребиќ го отвори резултатот во 79. минута по една акција која започна со умешно уфрлање од аут, за потоа мечот да влезе во луда завршница.

Бајрами прекрасно погоди од слободен удар во 92. минута за 1-1, но Бало Туре во 94. минута го врати Милан во предност.

Имаше време и за нов погодок, Леао во 97. минута ја потврди победата и ги постави конечните 1-3.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.