24фудбал

Постигна прекрасен гол за победа на Челси во 90. минута но не се радуваше (ВИДЕО)

Конор Галагер постигна прекрасен гол од далечина за триумф на Челси на гостувањето кај Кристал Палас, Англичанецот сепак не се радуваше од почит кон клубот каде играше минатата сезона.

Англија

Грем Потер ја забележа првата победа на кормилото на Челси, попладнево „сините“ славеа со 1-2 на гостувањето кај Кристал Палас.

Домаќините добро го отворија натпреварот и поведоа со 1-0 со голот на Едуар во 7. минута.

Челси потоа имаше неколку добри шанси и успеа да изедначи на 1-1 во 38. минута, Пјер Емерик Обамејанг го постигна својот прв гол во дресот на „сините“.

Гостите во вториот дел продолжија да притискаат и успеаја да стигнат до цел плен. Во 90. минута, Конор Галагер прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-2, но Англичанецот не се радуваше од почит кон Кристал Палас, клубот во кој играше минатата сезона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.